Од Торино порачуваат: Белоти ќе го продадеме само на топ клуб, Милан во моментов не е

by
2 минути читање

Напаѓачот има
одлична сезона и го привлече вниманието на голем број клубови.

Вчера медиумите
од Италија пренесоа дека Милан се приклучува во трката откако во канцелариите
на „Росонерите“ имаше состанок помеѓу новиот спортски директор Масимо Мирабели
и неговиот колега од Торино, Џанлука Петраки.

Популарните
„Бикови“ потврдуваат дека Милан сериозно „загризал“ за Андреа Белоти, но
порачуваат дека тие ќе го продадат играчот само на топ клуб, а „Росонерите“ во
моментов не се тоа.

„Да, имав средба
со Мирабели
– вели Петраки.
„Ми кажа дека Андреа Белоти е играч за кој се особено заинтересирани
.

Во договорот на
популарниот „Петел“ има откупна клаузула од 100 милиони евра, но важи само за
клубовите надвор од Италија.

„Ако пристигне
понуда од топ клуб кој има аспирации да освојува титули, Белоти би можел да
замине. Во спротивно ќе остане со нас
.

„Дали Милан е топ
клуб? Ако ја погледнеме нивната историја, одговорот е да. Но во моментов, тие не
можат да се борат за титулата
.

„Не верувам дека
клуб од Италија има пари да го купи. Андреа ќе замине само за топ клуб
.

Останува да се
види дали новите соптвеници од Кина ќе можат да приредат трансфер бомба.

Во полза им оди
тоа што Андреа Белоти е голем фан на Милан и идол му е Андриј Шевченко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани