Рамос за Игуаин: Добар пријател ми е, но нема да го „честам“ во Кардиф!

by
1 минути читање

Реал Мадрид го загуби синоќешниот меч против Атлетико, но убедливата победа на Бернабеу го однесе во големото финале во Кардиф каде ќе игра против Јувентус.

Серхио Рамос и Гонзало Игуаин се добри пријатели, но дефанзивецот на Реал Мадрид нема да има попуст за својот поранешен соиграч.

„Игуаин е добар пријател, имавме фантастичен однос додека беше во Мадрид, но нема да го честам на теренот“ – порачува Рамос.

Реал Мадрид го исфрли Атлетико и се пласираше во трето финале во последните четири години во ЛШ.

„Никој не рече дека ќе биде лесно. Горд сум на тимот. Кога и да се закомплицираат работите, покажуваме карактер и го остваруваме зацртаното“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани