Првите две места
на табелата во Премиерлигата се резервирани за Челси и Тотенхем, но за
останатите две кои носат настап во Лигата на шампионите ќе се води голема битка
до последното коло.
Во игра се дури
четири тима, но Манчестер јунатед практично сам се откажа откако Жозе Мурињо
реши патот до Лигата на шампионите да го брка преку триумф во Лига Европа.
Па за последните
две места од топ четири жестоко ќе се борат Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал.
Во моментов на
третата позиција е Ливерпул, „Црвените“ имаат 70 бодови и два натпревари до
крајот на сезоната, против Вест Хем (гости) и Мидлзбро (дома).
На четвратата
позиција е Манчестер Сити со 69 бода. „Граѓаните“ имаат натпревар помалку во
однос на Ливерпул и до крајот на сезоната ќе играат против Лестер (дома), ВБА (дома)
и Ватфорд (гости).
На петтата
позиција е Арсенал со 66 бода. „Топчиите“ исто така имаат натпревар помалку во
однос на Ливерпул и до крајот на сезоната ќе играат со Стоук (гости),
Сандерленд (дома) и Евертон (дома).
На шесттата
позиција е Манчестер јунајтед со 65 бода. „Црвените Ѓаволи“ исто така имаат
натпревар помалку од Ливерпул и до крајот на сезоната ќе играат со Тотенхем
(гости), Саутемптон (гости) и Кристал Палас (дома).
Со победата над
Манчестер јунајтед во неделата, и со вчерашниот триумф над Саутемтпн, Арсенал
драстично си ги зголеми шансите за топ четири пласман, но избраниците на Арсен
Венгер ја немаат судбината во сопствени раце и ќе мора да ги победат сите свои
натпревари и да чекаат кикс на ривалите.
Манчестер Сити е
во најповолна ситуација, доколку „Граѓаните“ победат на сите натпревари, ќе
завршат како трети.
Ливерпул исто
така има добри шанси, „Црвните“ сами си одлучуваат и со два триумфа на
последните два натпревари, следната сезона ќе се вратат во Лигата на
шампионите.