„Немав друг избор“ – Мурињо објасни зошто се откажал од топ четири пласман

by
2 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
учеството во Лигата на шампионите го бркаат преку триумф во најмасовното
европско натпреварување, Жозе Мурињо се откажа од трката за топ четири пласман
во Премиерлигата.

„Специјалниот“
подолго време се фокусира на Лига Европа и често правеше компромис на средбите
од Премиерлигата каде играше со втор тим и ги одмараше играчите за европските
натпревари.

Зборувајќи пред
реваншот со Селта во полуфиналето, Португалецот истакна дека немал друг избор.

„Ситуацијата е едноставна – рече менаџерот на „Црвените Ѓаволи“ на средбата со новинарите. „17 натпревари
во седум недели со 16 играчи е невозможно
.

„Не се коцкав,
едноставно донесов одлука. Тоа беше разумна одлука. 17 натпревари во седум
недели во април и мај, па и уште со 16 играчи, едноставно е невозможно
.

„Останавме без
неколку играчи, најпрво загубивме четворица во една недела, Смолинг и Џонс се
повредија со репрезентацијата а Рохо и Златан против Андерлехт
.

„Потоа останавме
и без играчи кои можеа да бидат алтернатива како Ешли Јанг, Лук Шо и Фонсу
Менса
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани