85
Полјакот, кој во минатото ја носеше капитенската лента на Торино и пет години помина во редовите на лутиот градски ривал на Јувентус, се најде во центарот на вниманието откако вчера го згазна Гонзало Игуаин.
„Не го сторив тоа намерно, и немав намера да ги испровоцирам фановите“ – вели Камил Глик.
„Веројатно заслужив црвен картон, но во минатото, играчи на Јувентус не биле санкционирани и за полоши стартови“.
„Не треба да се навраќаме толку далеку во минатото. Погледнете го дербито од саботата, Аква неоправдано беше исклучен а Синиша Михајловиќ доби два натпревари суспензија поради тоа што им ја посочи вистината“.
„Судиите му помагаат на Јувентус. Тоа се случувало, се случува сега и ќе се случува во иднина.“