„Тео Ернандез не е на менито“ – претседателот на Атлетико на ручек со Флорентино Перез

by
1 минути читање

Покрај пресметката во најелитното европско натпреварување, Атлетико и Реал се во центарот на медиумското внимание и поради младиот Тео Ернандез.

Двата клуба имаат вербален договор да не си купуваат играчи еден од друг, но „Кралевите“ ќе го пoгазат дадениот збор и ќе го „украдат„ левиот бек.

19 годишниот Французин веќе ги помина редовните лекарски прегледи, и се очекува Реал по крајот на сезоната да ја плати откупната клаузула вредна 24 милиони евра.

Првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо со својот колега Флорентино Перез денеска седнаа на заедничка маса на традиционалниот ручек во пресрет на реваншот во полуфиналето.

Па медиумите веднаш запрашаа дали двајцата лидери ќе разговара и за Тео Ернандез.

„Тео нема да биде на менито“ – кратко одговори со насмевка на лицето претседателот на Атлетико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани