„Му благодарам, не разбуди“ – Алегри на интересен начин го прокоментира неспортскиот старт на Глик врз Игуаин (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Камил Глик, кој пет години го носеше дресот на Торино и беше капитен на „Биковите“, имаше неспортски потег за кој заслужи црвен картон, но судијата не го виде инциденто.

По голот на Килијан Мбапе, со кој Монако намали на 2-1, Камил Глик се обиде да го испровоцира противникот и згазна врз коленото на Гонзало Игуаин.

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри на интересен начин го прокоментира целиот инцидент, наместо да го критикува противникот, тој му се заблагодари.

„Фаулот на Глик не разбуди, па му благодарам“ – вели стратегот на „Старата Дама“.

„Не потсети дека натпреварот не е завршен, дека малку се опуштивме и треба да бидеме поагресивни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани