Поради една глупост Манџукиќ може да го пропушти финалето од Лигата на шампионите? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Некои медиуми пишуваат дека УЕФА може да покрене постапка против Марио Манџукиќ за старт со лакт кој не беше виден од судијата на натпреварот.

Манџукиќ намерно со лакт го удри Фабињо, Кујперс не го санкционираше, но тоа може да го направи дисциплинската комисија при УЕФА.

Се шпекулира дека УЕФА ќе покрене постапка за стартот на Манџукиќ но и за оној на Камил Глик кој намерно го згазна Игуаин.

Останува да видиме дали УЕФА ќе реагира за пропустите на Кујперс или Манџукиќ и Глик ќе бидат поштедени од санкции. Тоа особено би било удар за Хрватот кој треба да игра во финалето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани