Чудна коинциденција според која Јувентус оваа сезона ќе ја освои Лигата на шампионите

by
1 минути читање

„Бјанконерите“ се првиот патник во Кардиф, каде ќе атакуваат на третиот
трофеј од најелитното европско натпреварување во клупската историја.

Во финалето, Јувентус покрај себе ќе има интересна традиција која вели дека
од 1989 па наваму, италијанска екипа ја освојува Лигата на шампионите на секои
седум години.

Таа година, Милан со 4-0 славел над Стеaуа, седум години подоцна Јувентус го
совладал Ајакс, во 2003 Милан ја доби пресметката токму со Јувентус, а во 2010
трофејот заврши во рацете на Интер.

Па многумина се прашуваат, ќе се повтори ли историјата во Кардиф?

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани