66
Камил Глик пет
години беше дел од Торино и ја носеше капитенската лента на популарните
„Бикови“ па имаше додатни мотиви на дуелот со „Бјанконерите“.
Сепак, Монако и
дефанзивецот не можеа да му парираат на одличниот Јувентус, па кога се беше
јасно, Полјакот реши да го испровоцира Гонзало Игуаин и евентулано да се
обиде да го исклучи Аргентинецот пред финалето.
Камил Глик згазна
врз коленото на напаѓачот, но Гонзало Игуаин остана смирен и покрај тоа што
доби исекотина на ногата.