„Ни треба нов Суарез по секоја цена“ – Клоп доби совет од легендата на Ливерпул

by
1 минути читање

Со Уругваецот во тимот, Ливерпул беше на чекор до титулата, и откако тој го напушти Енфилд, настана дупка во форот на „Црвените“.

Ливерпул оваа сезона често се мачи пред противничкиот шеснаесетниk, а таква беше ситуацијата и на дуелот со Саутемптон изминатиов викенд.

Па легендата на „Црвените“, Џон Алдрич го советува Јирген Клоп да донесе напаѓач од светска класа по секоја цена.

„Во нападот го имаме Ориги, кој не креираше шанса ниту пак влезе во шанса на четири натпервари“ – пишува поранешниот голгетер на Ливерпул во колумната за весникот Ехо.

„Не ми изгледа како играч кој може да донесе голови во моментов“.

„Напаѓачот не треба да се грижи кога промашува шанси, никогаш тоа не ми пречело, знам дека следната ќе ја реализирам. Но тој не влегува во шанса. На неговите движења им недостасува квалитет“.

„Доколку ги погледнете Мане, Фирмино, Кутињо и Лалана можеме да се споредиме со било кој тим“.

„Но другите во форот имаат играчи како Агуеро, Ибрахимовиќ, Кејн и Коста“.

„Ова е причината поради која ние се мачиме пред противничкиот гол. Овие играчи знаат да дадат гол од ништо. Тоа за нас го правеше Луис Суарез“.

„Во моментов немаме таков играч. Потребен ни е напаѓач од светска класа, и тоа по секоја цена“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани