Балотели заминува од Ница, кој ќе биде неговиот следен клуб?

by
1 минути читање

26-годишниот напаѓач постигна 17 голови за Ница во 27 натпревари, завршува една солидна сезона, но веројатно ќе ја напушти Франција во јуни.

Ница не е во состојба уште една сезона да му ја плаќа високата плата на Балотели која изнесува 5 милиони евра по сезона и ќе се раздели со напаѓачот.

Балотели ќе побара нов предизвик, но поради неговото лошо минато нема многу клубови кои се заинтересирани за неговите услуги, особено не некој од европските гиганти.

Досега низ италијанските медиуми се споменуваат Лас Палмас од Шпанија и Галатаарај од Турција како потенцијални дестинации за Балотели.

Балотели се уште е релативно млад, но досега не успеа да го искористи потенцијалот кој го имаше, па мала е веројатноста тоа да го стори во наредните години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани