Кристијано Роналдо со коментар на социјалните мрежи реагираше на трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, вели дека со нетрпение чека да ја види како напаѓачот ќе го запали „Бернабеу“.
Килијан Мбапе како 14 годишно дете беше една недела во Мадрид на покана на „кралевите“ и имаше прилика да се сретне со своите идоли, Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан.
Токму фотографијата која ја направил тогаш со ЦР7, вечерва ја сподели како дел од емотивниот пост со кој порача дека му се остварил сонот со трансферот во Реал Мадрид.
На оваа објава реагираше и самиот Кристијано Роналдо, кој остави коментар.
„Сега на мене е редот да те гледам. Со нетрпение чекам да видам како ќе го запалиш Бернабеу… Хала Мадрид!“ – напиша Португалецот, кој собори еден куп рекорди во Реал Мадрид.