Случај за психијатар: Дивјачка тепачка во женскиот фудбал (ФОТО)

by
1 минути читање

Натпреварот од женската фудбалска лига во БиХ помеѓу Младост и Железничар заврши 1-1, но тоа е најмалку важно. Во 87. минута се случи неверојатен момент за кој објавуваат и светските медиуми.

Фудбалерката на Железничар, Силвија Секачиќ одеднаш полуде, се фрли на една од противничките играчи, ја собори на подот и почна да ја удира со боксови.

Судијата со помош на останатите фудбалерки и успеа да ја прекине тепачката и веднаш и покажа црвен картон на Секачиќ, но во БиХ се зборува дека таа треба да добие и доживотна забрана за играње фудбал, можеби да биде испратена и на психијатриско лекување во некоја установа.

„Нема зборови со кои можеме да го опишеме овој чин, а да останеме во границите на пристојноста. Доволно е да се каже дека вакво однесување нема врска со здравиот разум. На ваквите личности не им е местото во фудбалот и дефинитивно заслужува доживотна суспензија“ – велат од ЖФК Младост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани