Реал и „украде“ две засилувања на Барса за само 48 часа

by
2 минути читање

Лутите ривали водат жестока борба на терените за титулата во Шпанија,
Барселона во моментов е на првата позиција, но Реал има натпревар помалку и
може да го прескокне противникот.

Останува да се види кој ќе ја добие трката за шампионскиот наслов, но
изминативе денови, „Кралевите“ издвојуваа многу важна битка надвор од
фудбалските терени.

Реал Мадрид и „украде“ две засилувања на Барса за само 48 часа и стигна до
потписот на двајца талентирани играчи.

Изминатиов викенд, од Бразил стигна потврда дека Реал ги обезбедил услугите
на новото чудо од дете, 16 годишниот талент на Фламенго, Винисиус Јуниор.

Барса веруваше дека играчот ќе заврши на Камп Ноу и ќе му се придружи на
сонародникот Нејмар, но „Кралевите“ искешираа 20 милиони повеќе и со луда понуда
од 45 милиони евра го договорија Винисиус Јуниор.

„Каталонците“ вчера пак извисија за потписот на Тео Ернандез.

Атлетико Мадрид не сакаше 19 годишниот лев бек да заврши во Реал Мадрид, па
започна преговори со Барселона.

Но на крајот играчот ги одбра „Кралевите“ и во понеделникот ги комплитираше лекарските прегледи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани