Барса извиси, младата ѕвезда на Атлетико ги помина лекарските прегледи со Реал

by
1 минути читање

Медиумите од Шпанија минатиот месец објавија дека Реал Мадрид ќе го прекрши вербалниот договор со градскиот ривал Атлетико и ќе го „украде“ талентираниот Тео Ернандез.

19 годишниот лев бек оваа сезона прикажува одлични партии на позајмица во Алавес, па „Кралевите“ одлучија да ја платат неговата откупна клаузула вредна 24 милиони евра.

Во трката за Французинот се приклучи и Барселона, Атлетико преферираше играчот да заврши на Камп Ноу, но сепак Тео Ернандез го одбра Реал Мадрид.

Медиумите блиски до клубот од Сантијаго Бернабеу попладнево пренесоа дека Тео Ернандез денес ги поминал редовните лекарски прегледи.

Левиот бек ќе стави потпис на пет годишен договор и ќе има плата од 3,5 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани