67
Управниот одбор на Црвена звезда по итна постапка го именува Бошко Ѓуроски за нов тренер на тимот, тој потпиша договор до крајот на сезоната, а потоа ќе биде одлучено дали и понатаму ќе продолжи да ја извршува функцијата.
Бошко Ѓуровски е вистинска легенда на Црвена звезда, ова ќе биде негов втор ангажман како тренер на „црвено-белите“, во 2007 ја освои двојната круна.
Како фудбалер на Звезда, Ѓуровски девет години го носеше црвено-белиот дрес, имаше 509 настапи и постигнато 103 гола.