Милевски: Дуелот со Хрватска ќе ни покаже до каде сме и што треба да поправиме

by bojan
1 минути читање
Милевски

Селекторот на Македонија, Боби Милевски вели дека пресметката против Хрватска ќе ни покаже до каде сме и што треба да поправиме пред натпреварите во септември.

Македонија утре во Ријека ќе ги одмери силите со Хрватска во првиот од двата контролни натпревари кои ќе ги одиграме овој месец.

„Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, изјави Милевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани