Иконата на „Вочлицата“ ја игра последната сезона, па многумина очекуваа тој
вчера да добие шанса за последен пат да истрча на Сан Сиро.
Фановите на Рома го скандираа името на Франческо Тоти, а играчот доби овации и од домашните навивачи, но Лучано Спалети не му даде шанса на напаѓачот.
Па по крајот на натпреварот, новинарите веднаш го запрашаа стратегот зошто не
го пуштил Тоти во игра, со оглед на тоа дека во финишот се беше веќе решено.
„Ако не, следниот
пат може да направиме гласање и да одбирате кој да влезе во игра…” – одговори саркастично Личано
Спалети во разговор со Медиасет.
„Одлучив да го
внесам Ел Шарави, офанзивен играч, бидејќи знаев дека не можеме да бидеме
релаксирани на 0-2. Имам видено како Милан постигнува два гола за краток период”.
„Кога ќе го
ставам Тоти во последните пет минути, ми кажувате дека сум смешен и дека не
покажувам доволно почит”.
„Сега ме
прашувате зошто не сум му дал шанса на крајот. Па како да го сторам тоа кога
последниот пат се жалевте зошто сум го пуштил на крајот!”
„Не знам што да
правам. Ако сум ве повредил вас и фановите, се извинувам и добро ќе размислам следниот
пат…”
Тренерот на Рома
на истата тема потоа зборуваше и во интервјуто со Скај Спорт.
„Доколку можев да
го вратам времето, никогаш немаше да се вратам во Рома”.
„Секогаш
зборуваме за едни исти работи. Тимот заслужува пофалби, но наместо тоа,
зборуваме за Тоти”.
„Ако му дадам
шанса во последните пет минути покажувам непочитување кон легенда, ако не го
пуштам во играм, и тоа е погрешно”.