1,3K
Во последниот
натпревар од 35. коло во Серија А, „Волчицата“ триумфираше на Сан Сиро.
Резултатот го
отвори Еден Џеко во 8. минута. Босанецот биеше неодбранливо од врвот на
шеснаесетникот за 0-1.
Истиот играч
зголеми на 0-2 во 28. минута. Напаѓачот скокна највисоко по еден корнер од
левата страна и одново го матираше Донарума.
Пашалиќ намали на
1-2 во 76. минута, но само 120 секунди подоцна, Ел Шарави ја врати предноста од
два гола на Рома.
Точка на натпреварот стави Де Роси од пенал во 87. минута.