226
Во дербито на 36.
коло, „Топчиите“ пред своите фанови со 2-0 ги совладаа „Црвените Ѓаволи“.
Арсенал освои три
важни бода во трката за топ четири пласман и си ги задржа шансите за местата
кои водат во Лигата на Шампионите.
Во првото
полувреме, двете екипи имаа неколку добри шанси, но мрежите мируваа.
На стартот од
вториот дел, домаќините го решија натпреварот во период од три минути.
Џака среќно погоди во 54. минута од средбата, а во 57. минута Велбек биеше
неодбранливо под пречката за 2-0.