76
Во интересно
градско дерби, Јувентус и Торино ги поделија бодовите играјќи 1-1.
„Старата Дама“ во
првото полувреме имаше неколку добри шанси за гол, а за промашувањата казна
стигна во 52. минута.
Адам Љајиќ прекрасно биеше од слободен удар за водство на Торино од 0-1.
Но пет минути
подоцна, гостите останаа со играч помалку откако Аква контроверзно заработи
втор жолт картон и исклучување.
Предноста од
играч повеќе Јувентус ја искористи во втората минута од судиското
надополнување.
Гонзало Игуаин погоди во 92. минута и спречи Торино да слави на „Јувентус
Арена“.