113
„Лажната деветка“
на Наполи денеска го прослави својот 30. роденден со два гола против Каљари со
кој стигна до 30 погодоци оваа сезона.
Дрис Мертенс
имаше уште една одлична партија и на „Наполитанците“ им донесе три бода со кои
ја прескокнаа Рома на табелата во борбата за второто место.
Белгијанецот го
отвори резултатот по само две минути игра, а одново ја затресе мрежаа на
стартот од вториот дел за 2-0.
Мертенс потоа му
асистираше на Инсиње за 3-0 во 67. минута.
Гостите во
финишот од средбата стигнаа само допочесен гол преку Фариас.