61
ПСЖ на дуелот со
Бастија постигна гол кој ќе предизвика голема дебата.
Марко Верати е
стрелец на прекрасен погодок, но Италијанецот направи неспортски потег.
Матуиди лежеше на тревата и се жалеше на повреда, голманот на гостите го прашуваше дали е добро, а Дракслер
кој исто така беше во близина побара топката да биде исфрлена во аут за на фудбалерот на
ПСЖ да му се укаже лекарска помош.
Но Марко Верати имаше на ум нешто друго, Италијанецот испрати проектил од 25
метри и го донесе ПСЖ во предност од 2-0.