178
Во последно време
често се говори дека Флорентино Перез сака да го направи Еден Азар новиот
„Галактико“ и „Кралевите“ се спремни да платат околу 100 милиони евра за
услугите на Белгијанецот.
Некои извештаи
дури велеа дека играчот бил во посета на тренинг центарот на Реал Мадрид и има
вербален договор со шампионот на Европа.
Но според медиумите
од Франција, Еден Азар би можел да го одбие големиот Реал Мадрид доколку Челси
му покаже дека има сериозни амбиции за атак на титулата во Лигата на
Шампионите.
Се говори дека
репрезентативецот на „Црвените Ѓаволи“ бара Антонио Конте летоска да донесе
барем двајца играчи од светска класа на Стемфорд Бриџ за тој да остане.