Баерн Минхен го има Тео Ернандез како опција доколку Алфонсо Дејвис се пресели во Реал Мадрид, но за негов ангажман ќе треба длабоко да бркнат во џебот и да одвојат околу 80 милиони евра.
Преговорите со Алфонсо Дејвис за нов договор подолго време се во ќор сокак и се најавува дека Канаѓанецот ќе направи трансфер во Реал Мадрид.
Па Баерн Минхен разгледува опции за нов лев бек и при врвот на листата со желби го има Тео Ернандез од Милан.
Французинот во дресот на „росонерите“ се промовираше во еден од најдобрите бекови во Серија А и Европа, па неговата цена е прилично висока, Л’Екип објави дека ќе бидат потребни околу 80 милиони евра за реализирање на трансфер.
Интересно, Баерн Минхен плати околу 80 милиони евра и кога го купи неговиот брат, Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид во 2019 година.