84
Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Лионел Меси ја одбил првата понуда од Барселона која изнесувала околу 30-35 милиони евра по сезона.
Актуелниот договор на Меси со Барселона истекува во јуни 2018, преговорите помеѓу двете страни продолжуваат и се очекува да завршат позитивно.
Меси игра одлична сезона, не размислува за заминување од Барселона, но не брза да стави потпис на нов договор. Соработката се очекува да биде продолжена наскоро, најдоцна во јуни.
Спротивно од „АС“, некои шпански медиуми пишуваат дека преговорите добро се одвиваат, договорени се најголемиот дел од работите, остануваат да се прецизираат уште неколку детали за договорот да биде комплетиран.