75
Не стивнуваат
страстите по победата на Лацио од 1-3 над Рома во лутото градско дерби.
Откако навивачите
на Лацио ја погребаа „Римската Волчица“, ноќеска беа испратени закани до
фудбалерите на Рома.
На мост во
близина на Колосеумот беа обесени кукли со дресовите на Даниеле Де Роси, Раџа
Наинголан и Мохамед Салах.
Исто така беше
поставена и парола на која пишуваше: „Еден совет, без навреда… Спијте со
запалено светло!”.
Во моментов никој
не превзема одговорност.
Една теорија е дека зад заканите стои ултрас група на Рома поврзана со
екстремна десница.
Но не се
исклучува ниту можноста зад морбидната сцена да стојат ултрас навивачи на Лацио.