„Црвените Ѓаволи“ направија значаен чекор кон
финалето од Лига Европа откако вчера на гостувањето во Виго славеа со 0-1.
Пред Селта е
тешка задача, но напаѓачот Џон Гуидети е оптимист и вели дека тие оваа сезона
веќе славеле на тешко гостување против Реал Мадрид.
„Секако дека не
сум задоволен од резултатот” – вели Швеѓанецот.
„Но не се наоѓаме
пред невозможна мисија, можеме до добар резултат на реваншот”.
„Оваа сезона веќе
победивме на тешко гостување против Реал Мадрид”.
„Ќе треба да
одиграме малку побрзо на Олд Трафорд, тие имаат корпулентни играчи како Погба и
Фелаини”.
Напаѓачот потоа
ги нападна дефанзивните тактики на противникот и вели дека Жозе Мурињо е
експерт кога треба да се умртви играта.
„Мурињо има
големо искуство во вакви натпревари, по голот на Рашфорд и водството од 0-1,
натпреварот беше завршен”.
„15 минути за нас
како да беа само 60 секунди. Тие го трошеа времето, престанаа да играат фудбал.
Прекршоци, повреди, замени…”.
„Но на домашен
терен пред своите фанови ќе мора да напаѓаат повеќе, па ќе има повеќе простор
за нас”.