„Бев кај него дома, прашајте го, ќе ви потврди” – Венгер открива дека бил блиску до ангажман и на Мбапе

by
2 минути читање

Добро познато е
дека предводникот на „Топчиите“ следи голем број на фудбалери, и медиумите од
„Островото“ му направија неколку „дрим-тимови“ со играчи кои не потпишале за Арсенал.

На листата има играчи како Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ, Суарез и Канте, а последно име е младата
ѕвезда на Монако, Килијан Мбапе.

За тинејџерот
полудеа сите гиганти од Европа, се најавуваат лудти трансфер сум од над 100
милиони евра, а Арсен Венгер можел да го ангажира за многу помалку.

„Минатата година
бев кај него дома во обид ад го убедам да се пресели во Арсенал, ако сакате
можете да го прашате и играчот, тој ќе ви потврди
– вели Венгер.

„Беше при крајот
од договорот но Монако успеа да го задржи. Бевме навистина блиску
.

„Но можам да ја
разберам одлуката на Мбапе, Монако е клубот кој го едуцираше и на крајот тој
одлучи да остане таму
.

Запрашан дали
сега Арсенал може да го купи Мбапе, Венгер додава: „Не знам, се зависи од играчот
.

„Тој самиот ќе
одлучи за сопствената иднина. Може да оди во Реал, Барселона, Арсенал,
Манчестер. Може да прави што сака
.

„Не знам какви се
неговите аспирации, но можеби најдобро е да остане уште една година во Монако
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани