Пјаниќ: Кога дојдов во Јувентус видов воини, фудбалери кои сакаат да победат на секој натпревар

by
1 минути читање

Во пресрет на дуелот со Монако, во интервју за „Л’Екип“, Миралем Пјаниќ меѓудругото зборува и за менталитетот на Јувентус кој го затекнал откако пристигнал во клубот.

„Дали сум истиот фудбалер кој замина од Лион во 2011? Не, сега сум позрел, имам повеќе искуство. Ова е моја десетта сезона. Сега имам 27 години, започнав да играм во сениорска конкуренција на 17 години. Сега сум комплетно поинаков играч“ – вели Пјаниќ.

„Мојата игра е повеќе физичка, техниката ми се промени. Искуството во Рома беше одлично, тоа беше убав прогрес за мене. Но да се биде во Јувентус е нависина поразлично“.

„Тука има опсесија за победување, сите се фокисирани на следниот натпревар. Нема време за славење и да се биде задоволен бидејќи пред вас секогаш има следен предизвик“.

„Кога дојдов тука видов воини, фудбалери со таков менталитет и сфатив дека ова е клуб кој сака да победува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани