240
Со хет-трик на Кристијано Роналдо, Реал Мадрид со 3-0 го победи Атлетико и создаде предност за која е потребно чудо за да се анулира. Но Коке верува дека токму тоа може да се случи.
„Никогаш ништо не се знае во фудбалот“ – вели Коке.
„Со Роналдо во тимот ги имаме победено 4-0 на Висенте Калдерон“.
„Ова е фудбал и се може да се случи, прашајте го ПСЖ“.
„Мора да побараме прошка од фановите и да размислуваме за реваншот. Сакаме да играме во уште едно финале од Лигата на шампионите и ќе дадеме се од себе за да бидеме таму. Нема да се предадеме“.