Симеоне не се предава: Фудбалот е прекрасна игра, можеби ќе направиме чудо

by
1 минути читање

„Колчонероси“ се
на прагот да доживеат нова елиминација од својот лут градски ривал во Лигата на
Шампионите.

Вечерва на
гостувањето на Сантијаго Бернабеу, во првиот натпревар од полуфиналето загубија
со 3-0.

Но и покрај тоа
што ги чека невозможна мисија, Диего Симеоне вели дека Атлетико Мадрид може да
направи чудо.

„Фудбалот е
прекрасна игра и се може да се случи”
– вели Аргентинецот. „Се уште мислам дека
имаме шанси за пласман во финалето”.

„На моите играчи
им кажав да го заборават овој натпревар. Вакви работи се случуваат”.

„Ќе се обидуваме
до самиот крај, до последниот свиреж на судијата”.

„Јас сум
релаксиран, ќе се обидеме да направиме нешто невозможно. Ние сме Атлетико Мадрид
и можеби ќе успееме да направиме чудо”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани