Баерн Минхен никако да најде тренер кој подолго време ќе се задржи на „Алианц Арена, како што пренесува Билд, во последните три години ова ги чини „баварците“ над 60 милиони евра.
Кога Баерн Минхен во 2021 година го ангажираше Јулијан Нагелсман за наследник на Ханси Флик, многумина помислија дека „баварците“ на долг рок го решиле прашањето околу тренерот.
Сепак, младиот стратег издржа нешто под две години на клупата и на негово место беше назначен Томас Тухел.
Но и со него работите не беа сјајни, па и тој ја напушта „Алианц Арена“ предвреме, и се очекува наскоро Винсент Компани да биде потврден за нов тренер.
Ваквата политика го чини Баерн скапо, како што пренесува Билд, во овој период за компензации, обесштетувања и плата на тренери се потрошени 62,5 милиони евра, сума со која може да се ангажира едно големо засилување.