Македонската фудбалска легенда Горан Пандев беше дел од ревијален натпревар во Букурешт, Романија. Струмичанецот беше дел од „Тимот на светот“ предводен од Жозе Мурињо, а во него беа голем дел на фудбалски легенди.
Пандев истрча на теренот во романската престолнина заедно со Стоичков ,Маикон, Гомеш, Ривалдо, Савиола, Панучи, Сена, Карембе и други имиња кои оставија силен печат во фудбалот. Од друга страна, за романската селекција освен Ѓорги Хаџи настапија и Попеску, Димитреску, Лупеску, Дан Петреску, Пруена, Виореал Молдован.
„Навистина бев пријатно изненаден за поканата и сакам да упатам благодарност до романската фудбалска легенда Ѓорѓе Хаџи. Чест ми беше да играм на еден таков натпревар со многу легенди. Ова е потврда дека фудбалот обединува. Фудбалската магија не познава години, граници, боја и раса туку спојува. Љубовта кон топката, стадионите, натпреварувачкиот дух… токму тоа се случи на стадионот во Букурешт“, изјави Пандев.
Повторна средба на овој натпревар Пандев имаше со Жозе Мурињо со кој соработуваше во Интер и заедно освоија „триплета“. По натпреварот португалскиот тренер се фотографираше со нашата легенда и на Инстаграм објави фотографија на која напиша: „Македонскиот крал“.