71
По заминувањето на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, често се шпекулираше дека го посакува Алкантара и во неговиот нов тим, но тоа нема да се случи ниту следната сезона.
Баерн Минхен информира дека ја продолжи соработката со Тиаго Алантара до 2021 година. Неговиот претходен договор истекуваше во 2019 година.
„Јас и мојата фамилија сме многу среќни во Минхен. Се се одвива добро тука, и во иднина сакам да освојувам уште многу трофеи со Баерн“ – изјави Тиаго Алкантара.