Меси го откри името на единствениот фудбалер на кој му го побарал дресот

by
1 минути читање

Размената на дрес
со колега од противничкиот табор е знак на почит помеѓу двајцата фудбалери.

Но во поголемиот
дел од случаите, оние помалку познатите играчи сакаат да дојдат до убав сувенир
од големите ѕвезди.

Лео Меси е еден
од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, па нормално е тоа што речиси секогаш, противниците го прашуваат Аргентинецот дали можат
да ги заменат дресовите.

Ѕвездата на
Барселона сега открива дека и тој еднаш побарал дрес и тоа од легендата на Реал
Мадрид, Зинедин Зидан.

„Не барам
дресови, ако има Аргентинец, ќе го разменам со него
”
– објаснува Лео Меси.

„Доколку нема
Аргентинец, и некој друг ми го побара дресот, ќе го разменам со него. Доколку
никој не ми го побара дресот, ништо посебено, јас нема да прашам
”.

„Прашав еднаш…
го прашав Зинедин Зидан
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×