83
Присуството на
лутите ривали Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо требаше да биде само причина плус за
спектакуларно дерби на Манчестер, но овој натпревар очигледно не беше од никакво значење за
селекторот на Англија.
Герет Саутгејт
наместо да биде во ложата на Етихад, уживаше на рагби натпреварот помеѓу Лидс и
Хадерсфилд.
Но со оглед на
тоа дека „Граѓаните“ и „Црвените Ѓаволи“ не понудија многу и разочараа со реми
од 0-0, се чини дека предводникот на „Трите Лава“ не погрешил.
Исто така, во
стартните состави на двата тима имаше само двајца Англичани, Рахим Стерлинг од
Манчестер Сити и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед.