Наместо спектакуларно дерби, Сити и Јунајтед одиграа само 0-0 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“ и
„Црвените Ѓаволи“ ги поделија бодовите откако вечера на Етихад одиграа 0-0.

Жозе Мурињо и
Манчестер јунајтед не беа нешто посебно расположени да се надигруваат, но ниту
пак Манчестер Сити не покажа спектакуларен фудбал.

Шансите можеа да се избројат на прсти, Агуеро на стартот
не искористи добра прилика и биеше само во стативата, потоа Мхитарјан не ја претвори во гол грешката на Браво, за во финишот на првиот дел,
Ерера од солидна позиција шутираше крај голот.

Гостите завршните
минуги ги одигра со играч помалку откако Фелаини доби црвен картон.

Нововлезениот Габриел
Жесус ја затресе мрежата во судиското надополнување, но голот праведно му беше
поништен поради офсајд.

Ремито од 0-0
најмногу во корист им оди на Ливерпул и Арсенал, кои заедно со двата клуба од
Манчестер се во битка за две места кои водат во Лигата на Шампионите.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани