Џои Бартон е топ
тема низ медиумите од „Островото“ денеска откако играчот доби суспензија од 18
месеци поради прекршување на правилата за обложување.
Тој ставил над
1.200 облози на фудбалски натпревари, а спорни се 30 на кој биле инволвирани и
тимови за кој тој настапувал.
Англичанецот се
обложувал и за својот тим но и против својот тим, но секогаш останувал со
празни раце.
Очигледно Џои
Бартон не го бидува многу за обложување и покрај тоа што има информации од прва
рака, па медиумите му ги издвоија петте најкатастрофални облози.
600 фунти на
победа на Манчестер Сити против Фулам во април 2006 – „Граѓаните“ загубија со
2-1.
497.5 фунти на
победа на Њукасл против Стивенич во јануари 2011 – Њукасл доживеа шок во ФА Купот и загуби со 3-1
250 фунти на
истиот натпревар за тоа дека Њукасл ќе победи во двете полувремиња.
300 фунти на
победа на Манчестер јунајтед против Њукасл во август 2008 – Њукасл се избори за
реми од 1-1.
500 фунти за
победа на Челси во дуелот со Њукасл во ноември 2010 – Њукасл и на овој
натпревар се избори за реми од 1-1.