544
Maнчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата, а „граѓаните“ сега ги чека и финалето во ФА Купот каде што ќе се борат за нов трофеј. Пред овој натпревар пристигна една изненадувачка вест поврзана за Кевин Де Брујн.
Имено, на Островот се тврди дека белгискиот репрезентативец ги договорил сите лични услови со тимот на Сан Диего од САД. Станува збор за клуб кој од наредната сезона ќе игра во МЛС лигата и Де Брујн треба да биде првата голема ѕвезда која ќе пристигне.
Во претходниот период Де Брујн се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, но не беше заинтересиран за животот во оваа земја, САД за играчот за врска е подобра опција.