78
Во дуел на првиот
и последниот тим на табелата, Барселона лесно славеше со убедливи 7-1.
Она што го
одбележа натпреварот е првиот гол на Хавиер Маскерано во дресот на
„Каталонците“.
Неуморниот
работник прифати во 67. минута да го изведе ударот од белата точка.
Играчите на
Барселона и минатата година му понудија да шутира пенал, но тогаш Аргентинецот
одби со образложение дека немал доволно самодоверба.
Хавиер Маскерано
вечерва собра храброст и погоди од 11 метри за својот прв гол по седум години
во Барселона.
За домаќините
стрелци уште беа Меси, Гомеш и Алкасер кои постигнаа по два гола, а почесниот
погодок за Осасуна беше дело на Торес.