Англичанецот
денеска доби драконска казна поради пркршување на правилата за обложување, ФА
му изрече суспензија на Џои Бартон во траење од 18 месеци.
Ова практично значи крај на кариерата на 34 годишниот фудбалер, кој веднаш се
огласи на социјалните мрежи и најави дека ќе поднесе жалба.
Џои Бартон
открива дека во 2004 отворил сметка на Бетфер и од тогаш па наваму направил
преку 15.000 облози, од кои 1.260 се на фудбалски натпревари.
Тој ги посочи и
30. облози кои биле најспорни за ФА со оглед на тоа дека се работи за натпревари
на тимовите за кои тој настапувал (Њукасл и Манчестер Сити).
Фудбалерот погодил
само ТРИ облози, па се поставува прашањето, ако Џои Бартон со информации од
прва рака не може да фати во обложувалница, што останува за обичните луѓе?