Погба нема да игра во дербито на Манчестер

by
0 минути читање

Манчестер јунајтед утре му гостува на градскиот ривал, Жозе Мурињо се соочува со големи проблеми поради повредени играчи.

Португалецот нема да може да смета на Ибрахимовиќ, Мата, Погба, Рохо, Смолинг и Џонс. Се веруваше дека Пол Погба ќе успее да се врати, но Мурињо вели дека не е подготвен.

Добра вест е враќањето на Антонио Валенсија кој го пропушти претходниот натпревар, подготвен е и Андер Ерера.

„Валенсија и Ерера се подготвени за утре, Погба не е“ – изјави Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани