Најтрофејниот италијански клуб Јувентус не размислуваше премногу за наследникот на Масимилијано Алегри, кој на две кола пред крајот на Серија А доби отказ.
„Старата дама“ во последните шест месеци беше фокусирана само на едно име, а тоа беше Тиаго Мота. Младиот италијански стратег оваа сезона одушеви со својата работа со Болоња пласирајќи се во Лигата на шампионите за првпат во клупската историја. Поради тоа, Мота привлече внимание на многу клубови, но најконкретен во преговорите беше Јувентус.
Според Фабрицио Романо и други угледни извори, Мота и Јувентус веќе имаат постигнат договор. Стратегот ја прифати понудата на тимот од Торино и треба да ја извести Болоња. Се очекува Мота да парафира соработка до јуни 2027 година, со годишни примања од речиси пет милиони евра.