Де Лаурентис: Игуаин колку сака може да го вперува простот, но фановите на Наполи не се глупави!

by
1 минути читање

На почетокот од
месецов, кога Наполи и Јувентус се сретнаа во Купот на Италија, напаѓачот
постигна гол и при прославата, прстот кон впери кон ложата на Сан Паоло односно
Аурелио Де Лаурентис.

Аргентинецот со
овој гест го обвини првиот човек на „Наполитанците“ дека е виновен за неговото
заминување од Неапол.

Контроверзниот
сопственик на Наполи не заборави да му одговори на Гонзало Игуаин, во разговор
со беИН сега му порача дека ништо не може да го промени фактот дека тој е
предавник.

„Игуаин колку
сака може да го вперува прстот во мене и да мисли дека со тоа се оправдал пред
фановите, но нашите навивачи не се глупави и перфектно ја разбираат ситуацијата
– вели Де Лаурентинс.

„Доколку сте нормална
личност, нема да го предадете тимот каде игравте и каде стекнавте
интернационална репутација за трансфер во најголемиот непријател Јувентус
.

„Игуаин се
посрамоти, и за тоа е виновен само тој, неговата култура е на ниско ниво
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани