Покетино: Чави ме мрази, затоа измислува глупости

by
1 минути читање

Чави изјави дека Пеп Гвардиола е заинтересиран за играчот на Тотенхем, Деле Али кој важи за еден од најдобрите млади играчи во Европа.

Но, Покетино верува дека Чави зборува така бидејќи го мрази поради ривалството на Барселона и Еспањол.

„Тој е во период кога сака да зборува, беше играч на Барселона, тој е мој непријател“ – вели Покетино.

„Се обидува да не дефокусира од натпреварите бидејќи ме мрази, тој е играч на Барселона, фановите знаат зошто не ме сака“.

„Го познавам добро, играв против него кога го носев дресот на Еспањол и кога бев тренер на тимот“.

Но, се чини дека омразата кај Покетино кон Чави е уште поголема, па тренерот на Тотенхем се присеќа на натпревар помеѓу Барселона и Еспањол кој го доби пославниот тим со 1-0 во 2009 година.

„Синоќа тука беше Анри и се потсетивме на натпреварот на кој Чави го измами судијата. Падна, не беше пенал, но Ибрахимовиќ постигна гол за Барселона и тие победија“ – вели Покетино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани