170
Како наближува летниот преоден рок така се јавуваат шпекулации кои повторно го поврзуваат Давид Де Геа со трансфер во Реал Мадрид.
Ова лето кралскиот клуб сигурно ќе купи нов голман, а Давид Де Геа котира високо на листата со желби.
Според „Марка“, Мурињо му кажал на Де Геа дека може да си замине доколку сака. Португалецот ставил јасно дознаење дека не сака да има фудбалери кои не сакаат да го носат дресот на Манчестер јунајтед и сонуваат за настап во друг клуб.
Се верува дека за ангажман на Де Геа, Реал Мадрид ќе треба да плати околу 60 милиони евра.