311
Според „Телеграф“, Маурисио Покетино и Челси се разделуваат, наскоро се очекува оваа одлука и официјално да биде објавена од клубот.
Челси и Покетино веќе го договориле и обесштетувањето за заминување на тренерот.
Нејасно е кој ќе биде наследникот на Покетино, но според медиумите од Англија, Сините сакаат да назначат млад тренер, а тоа ги исклучува Конте и Мурињо од трката.
Покетино во финишот од сезоната имаше одлична победничка серија, но тоа не го предомисли раководството да му врачи отказ.