Тренерот на Осасуна има план како да го сопре Меси, со пиштол и лисици!

by
1 минути читање

Последно
пласираниот тим на табелата, Осасуна утре гостува на Камп Ноу кај Барселона.

„Каталонците“ се
во добро расположение по триумфот над Реал Мадрид, особено Лео Меси кој донесе
победа во 92. минута.

Одбраната на Реал
Мадрид тешко испаѓаше на крај со Аргентинецот, па тренерот на Осасуна беше
запрашан дали има план како да ја сопре ѕвездата на Барса.

„Имаме план, не
советуваа дека ќе ни бидат потребни пиштол и лисици
– одоговри со насмевка Петар
Васиљевиќ.

„Меси е број е 1
и тоа го покажува секој ден. Кога е инспириран, тој е гениј
.

„Може да биде
отсутен и да го нема никаде, но потоа влегува во ритам и за 10 минути го прави
она што го прави
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани